По масовните протести, израелскиот претседател повика да се повлече спорниот закон

by fokus

Во Израел вчера се одржаа масовни протести против контроверзните реформи во правосудството и еден ден откако премиерот Бенџамин Нетанјаху го разреши министерот за одбрана кој се противеше на оваа реформа.

По протестите израелскиот претседател Исак Херцог повика спорниот закон да се повлече.

-Во име на заедништвото на народот на Израел, во име на одговорноста, повикувам да се прекине овој законодавен процес веднаш. Видовме многу тешки слики вечерва. Се обраќам до премиерот и до членовите на Парламентот… Очите на сите луѓе во Израел се вперени во вас. Очите на целиот Еврејски народ се вперени во вас. Очите на целиот свет се вперени во вас. Вразумете се, ова не е политички момент, ова е момент за лидерство и одговорност, напиша претседателот на Твитер.

Израелскиот Парламент оваа недела ќе расправа за спорните реформи со кои се предвидува владината коалиција да има овластувања да ги именува судиите. Се бара носење и на закони со кои на Парламентот ќе му биде дадено моќ да ги надгласува одлуките на Врховниот суд и да го ограничи судското оценување на законите.

 

Поврзани новости