По маскарот во Тексас Бајден побара од нацијата да застане на патот на лобито за оружје

by fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа, по вчерашниот масакр во училиште во Тексас во кој, според последните информации, се убиени 19 ученици и двајца возрасни. Притоа Бајден реторички запраша кога САД ќе застане на патот на „лобито за оружје“.

„Се надевав дека како претседател нема да мора вака да се обраќам. Масовната пукотница во основното училиште во Јувалде е уште еден масакр во САД… Убави, невини деца, од второ, трето, четврто одделение. А колку деца беа присутни и гледаа додека нивните пријатели гинеа, како да се на бојно поле“, рече Бајден.

Американскиот претседател говорејќи за големината на загубата рече дека „да изгубиш дете е како да откинеш дел од душата“.

„Тоа е како да се гушите. Барам од нацијата да се моли за жртвите и да застанеме на патот на лобито за оружје. Ве молам да им дадеме сила на родителите и на браќата на загинатите во оваа темнина што ги снашла. Како држава мора да се запрашаме, кога ќе се попречиме на патот на тоа лоби за оружје? Кога ќе го направиме она за што длабоко во себе знаеме дека треба да се направи“, додаде Бајден.

Осврнувајќи се на прашањето за Законот за контрола на оружјето, Бајден побара од пратениците „да ја претворат оваа болка во акција“, притоа потсетувајќи на сличниот инцидент што се случи во основно училиште во Њутаун – Конектикат од 2012 година кога тој беше потпретседател.

„Уморен сум од се, уморен сум. Мора да дејствуваме. Немојте само да ми кажете дека не можеме да реагираме по овој масакр. Зошто дозволуваме тоа да се случи“, рече Бајден.

Поврзани новости