Популарната српска турбо фолк пејачка Ана Николиќ доаѓа во Македонија, и ќе има заеднички концерт со Аца Лукас на стадионот Билјанини извори во Охрид, на 28-ми јули.
Настанот во организација на Евент Груп веќе е најавен како најголем музички спектакл ова лето, со зборовите дека во Македонија доаѓа девојката од милион долари и момчето од жешкиот белградски асфалт.
Инаку, пејачката периодов е актуелна во регионалните медиуми, откако беше објавено нејзино видео, во кое дезориентирано зборува, се жали дека нема пари ниту да си купи контактни леќи, а истовремено на лицето има огромни рани.
По видеото кое предизвика голем број на реакции, на социјалните мрежи започнаа да се објавуваат и други видео снимки од нејзини концерти и јавни појавувања, на кои се гледа дека Николиќ минува низ тежок период, не може да стои на бината и не може да ниту да пее.
Се актуелизираа шпекулации околу тоа која би можела да е причината за лошата состојба на пејачката која своевремено ги полнеше клубовите и важеше за една од најпопуларните во регионот.
Најавениот концерт во Охрид на некој начин е најава за враќање на Ана на сцената, и билетите по цена од 600 и 800 денари веќе се пуштени во продажба. Цената на ВИП пакетите пак, се движи од 6.000 до 10.000 денари во зависност од изборот на пијалокот.
Вики Клинчарова