По концертот во Античкиот театар во Битола, Владо Георгиев со концерт и во Антички во Охрид

by fokus

Популарниот српски поп музичар Владо Георгиев ќе одржи свој солистички концерт во Античкиот театар во Охрид. Настанот ќе се случи на седми септември, а влезниците по цени од 600 и 700 денари веќе се пуштени во продажба.

Освен што ќе настапи со своите стари хитови, тој во Охрид ќе го промовира и новиот албум ,,Боем”.
Ова ќе биде негов втор концерт во антички театар во земјава за помалку од два месеци. На 13–ти јули тој гостуваше во Хераклеа во Битола.

Тамошниот концерт на Георгиев беше дел од прогрмата на битолското културно лето Битфест 2019, настан кој го организираше Општина Битола по 13-ти пат. За културното лето годинава општината одвои 4.000.000 денари.
Концертот во Лихнид, во Охрид е во организација на Прагма Продукција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости