По контакт со заразен лице Бајден е негативен на Ковид-19

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на коронавирусот откако еден од неговите соработници, со кои поминале околу половина час во авион, бил позитивен на Ковид-19, соопшти Белата куќа.

– Бајден вчера имаше негативен ПЦР тестот, а во неделата имаше негативен антиген тест, како дел од редовните контроли. Бидејќи упатствата на Центриот за контрола и превенција на болести не предвидуваат карантин за целосно вакцинирани лица кои биле во контакт со заразени лица, Бајден (79) ќе продолжи со својот дневен распоред, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа додаде дека вработен во Белата куќа, кој бил позитивен „помина околу 30 минути во близина на претседателот за време на неговиот лет со претседателски авион меѓу Оринџ, Јужна Каролина и Филаделфија во петокот.

Тој член на персоналот од среден ранг, кој бил целосно вакциниран, бил негативен пред да се качи во претседателскиот авион и досега не почувствувал никакви симптоми на болеста.

Псаки не го откри неговиот идентитет, само нагласи дека вработениот во Белата куќа не е во редовен контакт со американскиот претседател.

Бајден не планира да воведе карантин во земјата и покрај потенцијалниот нов бран на Ковид-19 на почетокот на зимата и појавата на сојот омикрон, изјави Псаки, додавајќи оти повеќе ќе ги нагласи придобивките од вакцинацијата.

Поврзани новости