По изборот за старо-нов лидер, Заев најави засилена борба против корупцијата

by Фокус

Воспоставивме нов стандард на политичката сцена, како што личи за државотворна партија, изјави старо-новиот лидер на СДСМ Зоран Заев, кој по денешните внатрепартиски избори им се заблагодари на членовите за масовниот одзив и за поддршката да ја води партијата во трет мандат.

-Државотворни партии имаат одговорност да ја унапредуваат демократија во своите редови и во татковината. Ми укажавте чест да бидам по трет пат прв меѓу еднаквите. Чувствувам одговорност да ја оправдам довербата и ќе сторам се достојно да го предводам СДСМ, да биде локомотивата што ќе го движи општеството напред. Денес испишавме историја – рече Заев.

Тој јавно се обврза дека ќе спроведе нова политика, најавувајќи, како што рече, пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ.

-Најавувам реформа на кадровската понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија, ќе ги отвориме вратите за сите блиски до социјалдемократските идеи. Ќе ја продлабочиме борбата против криминалот и корупцијата – рече Заев.

Поврзани новости