Иако заврши законскиот рок од 72 час, по молбите од Скопје и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потрагата по исчезнатото момче на Халкидики ќе продолжи и денеска.
Според пишувањето на грчки voria.gr по 31-годишниот Мартин денеска ќе се трага со воздушен дрон и куче трагач.
Во исто време, братот на Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува сагата што ја доживува тој и остатокот од семејството .
Меѓу другото, тој се заблагодарува на конзулатот на неговата земја во Солун за координирање на истрагите и на спасувачите на ОФКАТ за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиот 31-годишен брат.
-Мајка ми, нашето семејство и пријателите сè уште веруваат и се надеваат дека Мартин е жив, вели братот на 31-годишниот, повикувајќи да продолжи истрагата на брат му кој исчезна во саботата попладне на плажата Мити во Посеиди.