По инцидентот во Шутка кај дел од инволвираните притвореници била пронајдена марихуана

by fokus

Заменичката народен правобранител Васка Бајрамовска во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека по инцидентот во затворот во Шуто Оризари во кој беа нападнати екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле извршени претреси во собите на притворениците учесници во инцидентот и била најдена марихуана и мобилни телефони.

-Во текот на денешниот ден ни беше потврдено дека по настанот биле направени претреси од страна на Управата во просториите на притворените во кои се сместени учесниците во инцидентот и ни беше кажано дека се земени предмети работи кои не се дозволени, меѓу кои има и марихуана и мобилни телефони. Телефоните се нешто кое како што кажуваат притворените и затворениците се добиваат за определена сума, рече Бајрамовска.

Поврзани новости