Финска е најсреќната земја во светот. Ја освои титулата седма година по ред, покажува Извештајот под покровителство на Обединетите нации.
С. Македонија е на 84. место, а младите под 30 години во нашата земја се наоѓаат на 67. место на оваа листа.
Од земјите од регионот, Словенија е на 21. место, Косово е на 29., Србија е на 37. место, Хрватска е на 63., Грција на 64., БиХ на 65, Црна Гора на 76., Бугарија на 81 место, Албанија на 87. и Турција на 98 место.
Украина е на 105. место.
Најголем пад од 2006-2010 година е забележан во Авганистан, Либан и Јордан.
Авганистан, кој е зафатен од хуманитарна катастрофа откако Талибанците се вратија на власт во 2020 година, е на последното место од 143 земји.
Светскиот извештај за среќа е Индекс за среќа што ја објавува Мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации секоја година од 2012 година.
Се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци.
Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција.