Националната банка на Хрватска објави нов конкурс за дизајн на националната монета на еврото откако мораше да ја избрише фигурата на куната-златица на аверсот поради обвунувања за плагијат.
Хрватска треба да го прифати еврото во 2023 година и за таа цел пред една недела го промовираше дизајнот на своите монети. Но, шкотскиот фотограф Јајн Лич ги обвини авторите дека куната од монетата „неверојатно многу“ личи на куната на гранка што самиот ја снимил.
Победничкиот автор во понеделникот самиот го повлече дизајнот поради „непријатната атмосфера создадена по медиумите и на социјалните мрежи“. Народната банка го прифати повлекувањето и најави нов конкурс.
– Немам намера никого да тужам. Направена е правилна одлука и за мене ова е крај на приказната – изјави фотографот Лич.
На претходниот конкурс, дизајнот на куната на Стјепан Прањковиќ беше избран во конкуренција на глаголицата и ликот на Никола Тесла. За победничкиот дизајн Прањковиќ доби награда од 70.000 куни, како и по уште 35.000 куни за два второнаградени дизајни.