По елиминацијата од СП, германските дресови поевтинија за 50 отсто

by Fokus

Два дена откако фудбалската репрезентација на Германија не успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство во Катар, производителот на спортска операма Адидас, кој е нејзин спонзор, ги спушти цени на германските дресови за онлајн продажба за 50 отсто.

Адидас се најде во проблеми бидејќи од седум репрезентации кои настапуваат во Катар во дресови на германскиот производител на спортска опрема, само три изборија пласман во осминафиналето што во голема мера влијае врз продажбата на дресови и друга опрема.

Пред почетокот на Мундијалот 2022, Адидас се надеваше дека ќе инкасира околу 400 милиони евра од продажба на дресови и друга опрема за време на турнирот, но раната елиминација на Германија ја загрози таквата пресметка.

– Иако испаѓањето на Германија силно нè погоди, профитираме од меѓународниот ентузијазам, изјави портпаролот на Адидас

Поврзани новости