Неколку полицајци и пожарникари се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во градот Ратинген на западот на Германија, соопшти полицијата.
Повикани се полицајци и пожарникари да му помогнат на немоќно лице, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија, изјави портпаролот на полицијата.
Повредени двајца полицајци и десет пожарникари, од кои некои потешко, а лекарите се борат за нивниот живот.
„Од сè уште нејасни причини се случи експлозија. Неколку лица се повредени, меѓу кои и полицајци. Повеќе информации ќе следат веднаш штом ќе ги потврдиме деталите“, информираше полицијата.
Специјалци упаднале во станот каде одекнала експлозијата и уапсиле 60-годишен маж кој е осомничен дека намерно го активирал експлозивот при што беа повредени пожарникари и полицајци.
Во станот е пронајдено и мртво тело на жена, чиј идентитет се уште не е познат.