По една недела во Њујорк македонската делегација се враќа дома

by fokus

Македонската делегација во Њујорк, предводена од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го завршува престојот на 72. Генерално собрание на Обединетите нации.

Во рамките на посетата, македонската делегација имаше повеќе важни средби меѓу кои со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан.

Премиерот имаше можност да се поздрави и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Македонскиот премиер оствари уште неколку важни средби во рамки на активностите на 72. Генерално Собрание на ОН во Њујорк.

Тој беше примен од претседателот на Генералното Собрание на ОН, Мирослав Лајчак, со кого дискутираа за ситуацијата на Западен Балкан, но и за промените кои се подготвуваат во ОН.

 

Заев имаше и свое обраќање на 72. Генерално собрание на Обединетите нации од каде порача дека и Македонија и светот можат да се справат со конфликтите и проблемите само ако сме сите обединети.

 

Поврзани новости