Синот на музичката ѕвезда Ријана и раперот АСАП Роки (Ателстон Маерс), има необично име, кое јавноста го дозна по една година неговото раѓање, пишува Дејли Меил. Музичкиот пар на своето прво дете му го дал името Рза, како и средното име и презиме на таткото, Ателстон Маерс.
Откако го доби Рза, Ријана живее повлечено од медиумите и го крие приватниот живот. Веста дека чека второ дете јавноста ја дозна кога таа се појави на настап на Супер Боул, каде го покажа трудничкиот стомак.
Според американските медиуми, момчето го добило името Рза во чест на продуцентот и рапер Рза, фронтмен на хип хоп составот Ву – Танг Клан.
Ријана и АСАП Роки се заедно од 2020 година, а пред тоа долги години биле пријатели и соработници. Тој бил дел од нејзиниот тим за време на турнејата во 2013 година
Вики Клинчарова