По една декада Милчин прогласи неславен крај на лустрациската хајка

by fokus

По повеќе од десет години откако беше лустриран, универзитетскиот професор, граѓански активист и поранешен директор на Фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин проглас неславен крај на лустрациската хајка.

Тој на својот фејсбук профил објави дека Управниот суд го прифатил неговиот предлог за повторување на постапката против него, ја укинал пресудата од 2014 година, а Министерството за информатичко општество го задолжил да го отстрани решението на Комисијата за верификација на фактите од интернет страницата.

– Тужителот во прилог достави Пресуда од 16.09.2021 година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во случајот Милчин и Псалтиров против Северна Македонија во која има констатирано повреда на чл. 6 став 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи по основ на целокупната правичност на постапката за лустрација и повреда на член 8 од Конвенцијата. Судот ценејќи ги наводите на тужителот истакнати во тужбата од 17.08.2012 година, списите приложени кон истата и Предлогот за повторување на постапката, најде дека: ТУЖБАТА НА ТУЖИТЕЛОТ Е ОСНОВАНА, одлучил Управниот суд.

 

Во 2011 гдина Комисијата за лустрација го прогласи Милчин за соработник на тајните служби. Тој тврдеше дека не соработувал со службите од поранешна Југославија, туку дека бил следен од нив.

-Не може лице кое што било предмет на обработка истовремено и да биде соработник. Се работи за лаги и монтажи. Соочени сме со таканаречена лустрација, чиј предмет е политичка пресметка со неистомисленици. Стравот нема да ми ја затвори устата или да ми го блокира мозокот, изјави Милчин на прес-конференцијата.

Поврзани новости