94
Пронајдена е деветнаесет-годишната А.М. од Неготино, која пред единаесет дена беше пријавена за исчезната, дознава ,,Фокус” од свои извори.
Девојката била пронајдена во кавадаречко село и е во добра состојба.
За случајот со исчезнувањето информираше СВР Велес, откако на 31-ви јануари мајката на девојката во полициската станица во Неготино пријавила дека таа се оддалечила од домот, а со себе не носела мобилен телефон.
Службениците веднаш по пријавата започнале со потрагата и презеле мерки за пронаоѓање.
Во врска со пронаоѓањето, од СВР Велес најавија детали во тек на денот.
Вики Клинчарова