По две години пауза ,,Црвена јабука” доаѓа во Македонија

by Fokus
Популарниот екс-Ју бенд ,,Црвена јабука” по две години повторно доаѓа во Македонија и утре ќе има настап во дискотека во Кавадарци. Омилениот бенд на многу генерации последен пат беше во земјава во јануари 2020 година, пред почетокот на пандемијата со корона вирус.

Тогаш настапија во преполна дискотека во Гевгелија, а два часа им беа малку за да ги отпеат хитовите кои бендот ги создава повеќе од три децении.

-Вчера Словенија, денес Македонија. Односно, од Триглав до Вардар, за помалку од 12 часа. Нема место за умор кога излегуваш на сцената пред која те чекаат прекрасни луѓе, забораваш на се, и те понесува моментот-изјавија тогаш за ,,Фокус” од популарната музичка група.

По паузата поради вирусот ,,Црвена јабука” од неодамна пак им се врати на концертите и има настапи во регионот, а минатиот месец одржа три концерти и во Шведска. Пред два месеци пак, во Сараево се одржа изложба насловена ,,За сите овие години” по повод јубилејот, 35 години на сцената.

Вики Клинчарова

Поврзани новости