743
По две години и шест месеци затвор добија двајцата штипјани, кои брутално тепаа 22-годипна девојка, а чинот на тепање го снимија и го објавија на социјалните мрежи.
Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова денеска им ја изрече пресудата, откако двајцата признаа вина и се извинија за чинот кој го направија.
Настанот се случил во јануари годинава, кога во влез на зграда, двајцата насилници брутално ја удираа младата, 22-годишна штипјанка. Снимката се појави на социјалните мрежи на почетокот од месецов, по што тие беа веднаш уапсени.