Познатиот холивудски актер Киану Ривс (55) завчера за прв пат ја покажа својата девојка во јавност на филмскиот настан Лакма Арт.
Станува збор за неговата бизнис соработничка Александра Грант (46), а заљубениот пар позирал пред многубројните фоторепортери во музејот каде што се одржувал настанот. Ова е прв пат по речиси две децении Ривс да се појави во јавност со партнерка.
За неговата трагична судбина во минатото се пишуваше многу. Во 1999 година со неговата партнерка Џенифер Сим ја добија ќерката Ава, која почина веднаш по раѓањето. Потоа парот се раздели. Две години подоцна Џенифер го изгуби животот во сообраќајна несреќа на 28 годишна возраст, а за Киану следуваа години на осаменост. Актерот е познат по голем број на главни улоги во холивудските филмови кои му донесоа светска слава.