Иако обвинителите на Специјалното обвинителство на распитот донеле кутии со докази, по се изгледа дека судот не одреди мерка- притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Тој по речиси два часа распит, го напушти Кривичниот суд од задната страна.Талески во судот дојде во придружба со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Никола Груевски.
Градоначалникот е први осомничен во случајот „Транспортер”, во кој ќе одговара за коруптивен тендер за превозот на учениците во општината, преку кој ја оштетил државната каса за 360 000 евра.
За Талески првично од СЈО бараа само конфискација за дел од неговиот имот, бидејќи и тој се најде на листата на помилувани од Иванов. По укинување на аболицијата, СЈО побараа и мерка притвор.