Српската полиција денеска информираше дека ја пронашле жива 12-годишната Моника која беше киднапирана од осуден сексуален престапник. По девет дена потрага со 600 полицајци, рипадници на војската, хеликоптери и кучиња трагачи, Моника е пронајдена жива и здрава во атарот на селото Сврљишки Миљковец.
Српските медиуми наведуваат дека судбината на нејзиниот грабнувач, Нинослав Јовановиќ, наречен „Берберот од Малчан“, засега е непозната.
Моника беше пријавена за исчезната на 20 декември, а последен пат било видена во 7.20 часот кога тргнала на училиште, по што и се губи трагата. Нинослав Јовановиќ, по потекло од Малча, пред повеќе од една година, по издржувањето речиси 20 години затвор, повторно бил уапсен бидејќи демнел и им се заканувал на жени на Фејсбук.