По десет дена откако започна големиот пожар кај Неготино, денес во Калањево е мирна. Вчерашниот дожд го изгасна пожарот околу селото. Со информација за состојбата се огласи неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов.
-Во околината на селото Калањево во овие моменти е мирно, нема пожари во близина и не е доведена во прашање безбедноста на имотите на граѓаните.
И покрај тоа, дел од расположливите ресурси од луѓе и механизација во моментов се насочени кон создавање безбедносни појаси околу Калањево, со цел во случај на евентуално присуство на пожари, селото да биде отсечено и безбедно.
Исто така, активности на терен со луѓе и механизација се присутни и на планината Серта од неготинска страна со цел за создавање услови за полесно справување при појава на пожари, идтакна градоначалникот.
Вики Клинчарова