91
Палестинската телекомуникациска компанија ПалТел соопшти дека по четврти пат од почетокот на израелската офанзива, телекомуникациите во Газа се целосно прекинати.
„Со жалење објавуваме целосен прекин на фиксните телекомуникациски и интернет услуги во Појасот Газа поради тековната израелска офанзива“, соопшти компанијата.
Најмалку пет членови на персоналот на ПалТел се убиени во израелските воени напади од 7 октомври, а многу други членови на персоналот изгубиле членови на семејството во нападите, пренесува Ал Џезира.