718
Во тек на вчерашниот ден, по четири дневна акција е извлечен човечкиот труп кој на 27-ми март бил забележан од случаен минувач, во многу длабока бездна во близина на Неготино и Демир Капија, кај местото викано Просек. Во акцијата учествувале повеќе лица, затоа што се работело за доста тешко достапна локација.
-На 30.03.2023 година во заедничка спасувачка акција на полициски службеници од ОВР Неготино, САЕ Тигар и двајца алпинисти од Алпинистичко друштво „Скала“ од Струмица, од бездна во место викано Просек во Демир Капија е извлечен човечки труп, кој по овластување на јавен обвинител е предаден на обдукција – потврдија од СВР Велес.