По борбата со леукемија, Синиша Михајловиќ се зарази со корона вирусот

by Фокус

Тренерот на италијанска Болоња Синиша Михајловиќ е позитивен на корона вирусот, објави неговиот клуб.

Михајловиќ во петокот се врати во Болоња, а потоа веднаш беше тестиран за вирусот.

Тој испадна позитивен, но во моментов нема симптоми.

Сепак, ќе биде во изолација наредните две недели.

Михајловиќ спаѓа во групата на ризични затоа што со месеци се бори против леукемијата, која му е дијагностицирана пред една година.

Поврзани новости