По барањата на Владата, ВМРО денес најави поддршка за новиот економски пакет

by Фокус

Ако на опозицијата не и се допаѓаат законите за економија, нека даде алтернатива да се подобрат, а не да ги блокира во Собранието, побара министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Се уште има мерки од четвртиот пакет кои не поминале во собраниските комисии – рече Бектеши.

Веднаш потоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, најави дека опозицијата во Собранието ќе ги поддржи законите од петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и компаниите во справувањето со корона-кризата.

– Ние ќе ги поддржиме овие закони дури и во ваква форма каква што се. Многу повеќе треба да се издвојува за компаниите – рече Муцунски.

Албанската опозиција, пак, најавува целосна блокада на парламентот додека не се деблокира нивниот предлог закон за издавање на државјанство во крајно либерална процедура, што за останатите парламентарни партии е неприфатливо.

Поврзани новости