Атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, кога вчера беше застрелан од незадоволен Словак, предизвика лавина закани не само кон словачките функционери и новинари, туку и кон европските политичари, како што е полскиот премиер Доналд Туск.
„Словаците ни дадоа пример што да правиме со Доналд Туск ако го саботира централниот аеродром“, е една од смртните закани што стигнаа до полскиот премиер.
Туск ја објави пораката на социјалната мрежа Х со коментар „Беше уште вчера. Визија на Полска“.
„Тоа не е само прашање во Словачка. Тензиите не се зголемуваат само таму. Видовме напади за време на предизборната кампања во Германија. Тоа не е само словачки проблем. Политичарите во Европа мора да размислуваат како да избегнат вакви ситуации“ – изјави новоизбраниот претседател на Словачка – Петер Пелегрини.
Главните уредници на словачките независни медиуми добиваат заканувачки мејлови и пораки од атентатот, словачките власти, иако зборуваат за помирување, како главни виновници за поларизацијата на општеството, говорот на омраза кој на крајот се претвори во насилство и обид за убиство, ги означува опозицијата и медиумите кои не се под контрола на властите.
„Овој грозоморен чин не смее да поттикнува натамошна агресија, вербални напади и одмазда. Ова не смее да биде време да се злоупотребуваат атентати за политички цели или да се разгоруваат уште полоши страсти“, велат во заедничкиот апел главните уредници на 25 водечки словачки медиуми.
Смртни закани доаѓаат и до политичарите на словачката владејачка коалиција.
Словачката полиција соопшти дека е зголемен надзорот и безбедноста не само на претставниците на сите политички парламентарни партии, туку и на редакциите на словачките медиуми и училишта за да може полицијата навремено да одговори на заканите.
Министерот за внатрешни работи Шутај Ешток изјави дека хибридните закани во сајбер просторот стануваат се почести, а полициското раководство потврди дека се идентификувани некои автори на заканувачки пораки, од кои некои ќе одговараат според важечките закони на Словачка.