Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по анализа на состојбата со Ковид-19, донесе одлука за воведување нови ограничувачки мерки за влез во земјата а го зголеми и времетраењето на полицискиот час, кои стапуваат во сила од први, односно шести септември.
-Почнувајќи од 1 септември, полициски час ќе трае од 23 до 6 часот, додека од од 6 септември, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето, информираше Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.