По 9 години Салах го напушта Ливерпул

by irena 22:11
22:11

Мохамед Салах официјално објави дека го напушта Ливерпул на крајот од сезоната.

33-годишниот Египќанец наговести за таков потег за време на сезоната во која се судри со тренерот Арне Слот, а сега тоа стана официјално.

„За жал, дојде денот“, рече Салах во видео објавено на социјалните мрежи.

„Ова е првиот дел од моето збогување, ќе го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната. Не можев ни да замислам колку овој клуб, градот и навивачите ќе станат дел од мојот живот“, рече тој, меѓу другото.

„Ливерпул не е само фудбалски клуб, тоа е дух и страст. Невозможно е да се објасни што значи да се биде дел од овој клуб и сакам да им се заблагодарам на сите, особено на моите сегашни и поранешни соиграчи. И до навивачите: поддршката што ми ја дадовте во најдобриот дел од мојата кариера и што стоевте покрај мене во најтешките моменти е нешто што никогаш нема да го заборавам. Поради сите вас, никогаш нема да одам сам (I’ll never walk alone)“ – рече Салах.

Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година и оттогаш одигра 435 натпревари за клубот, постигнувајќи 255 гола, асистирајќи за уште 122 и освојувајќи две титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

Слични вести