По пауза од шест месеци, утре во Грција се отвораат угостителските објекти, со тоа што ќе може да работат само терасите и градините, без музика и со ограничено работно време до 22;45 часот.
Со отворањето на кафулињата, рестораните и таверните, дополнително се скратува полицискиот час, па од утре ќе биде од 23, наместо како досега од 22 часот.
Угостителските објекти ќе работат под строги протоколи во надворешниот дел, дозволено е најмногу шест лица на една маса, а масите треба да бидат на растојание од еден до 2 метра, во зависност од поставеноста на столчињата и забрането е стоење.
Маската е задолжителна за персоналот, а постои силна препорака да ја користат и посетителите.
За вработените задолжително е и самотестирање, односно тест за домашна употреба два пати неделно, а трошоците за еден од тестовите ќе ги покрива државата.