Францускиот фудбалер Пол Погба (32) е слободен играч и може од денеска повторно да игра. Прашање е дали тој навистина ќе игра и каде или дали допинг суспензијата му ја заврши кариерата.
Според италијанските медиуми интерес за негово ангажирање покажале неколку клубови, а меѓу тие клубови се и Интер Мајами и Ал Шабаб.
Погба беше позитивен на тестостерон по рутински тест по натпреварот Удинезе-Јувентус, на кој не ни играше.
Првично беше суспендиран на четири години, но суспензијата на крајот беше намалена на 18 месеци. Тие 569 дена поминаа.
Јувентус го раскина договорот со Погба на крајот на 2024 година, а тој сега може да ја прифати секоја можна понуда како слободен играч.
Италијанците пишуваат дека опциите на Погба се Интер Мајами и Ал Шабаб, а меѓу европските клубови во игра е и Олимпик од Марсеј.
Погба последен пат го одигра целиот натпревар на 12 март 2022 година во победата на Манчестер Јунајтед против Тотенхем на „Олд Трафорд“ (3:2).