По 50 години во затвор убиецот на Кенеди излегува на слобода

by fokus

Убиецот на американскиот сенатор Роберт Kенеди, Сирхан Сирхан, ќе биде условно ослободен, по 50 години поминати во затвор, откако двајца синови на Кенеди се изјаснија позитивно за негово ослободување.

На 77-годишниот Сирхан досега 15 пати му беше одбиено барањето за условно ослободување.

Калифорнискиот Одбор за условна слобода во следните 90 дена ќе ја разгледува предлог-одлуката, а потоа ќе ја испрати до гувернерот, кој во рок од 30 дена треба да одлучи дали ќе ја потпише, одбие или ќе бара нејзина измена.

Даглас Кенеди, кој беше дете кога беше убиен неговиот татко во 1968 година, изјави дека рекол дека го погодил каењето на Сирхан и дека треба да биде пуштен на условна слобода доколку повеќе не претставува закана.

Њујоршкиот сенатор и брат на убиениот американски претседател Џон Ф.Кенеди, беше убиен во јуни 1968 година, во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес, веданш откако прогласи победа на изборите во Демократската партија во државата Калифорнија. Сирхан, кој беше осуден за убиство од прв степен, тврдел дека не се сеќава на убиството.

Поврзани новости