2.1K
По 50 евра казна им е изречена на премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче и вицепремиерот Љупчо Николовски, бидејќи возеле мотори без кациги.
Од МВР за “Фокус” потврдуваат дека тројцата функционери добиле прекршочни налози.
Казните следуваат откако низ социјалните мрежи беше објавено видео на кое се тврдеше дека премиерот Заев вози мотор без да ги почитува сообраќајните правила.