По 4 часа поминати во полициска станица и Бардовци актерката Ристиќ пуштена на слобода

by Fokus

Актерката Ирена Ристиќ, откако помина повеќе од четири часа во полициска станица и во Бардовци, утринава во 4.30 часот била пуштена на слобода. Таа била приведена нешто после полноќ, околу 01.30, во Полициската станица Беко, поради наводна алкохолизирана состојба.

Според нејзиното кажување овластените службени лица одбиле да се легитимираат и одбиле да и дозволат пристап до бранител, иако побарала веднаш. Била спроведена во полициската станица Беко од каде е спроведена во Бардовци и вратена пак во Беко.

Во 3.30 часот таа успеала да го контактира нејзиниот бранител адвокат Јанаки Митровски по што била пуштена во 04.30 часот.

 

Поврзани новости