Шведскиот премиер Улф Кристерсон се надева дека многу брзо ќе стигнат последните две верификации за членството на неговата земја во НАТО. Тој ова го изјави на самитот на НАТО во Вилнус и рече дека верува и од турскиот и од унгарскиот премиер дека сега се отстранети сите пречки.
„Се договоривме за заедничка изјава. Добро е познато дека Шведска по 200 години неврзаност бара заемна заштита. Но, сакам и сите сојузници на НАТО да знаат дека ние обезбедуваме и безбедност што обезбедува заедничка безбедност. И ние сме тука на долг рок. Одлучни сме во борбата против тероризмот, одлучни сме во борбата против организираниот криминал. Така што мислам дека и Шведска има што да донесе на маса. Така што јас сум многу задоволен од овој резултат вчера, и со нетрпение ги очекувам последните две ратификации“, изјави Кристерсон.
Тој рече дека позицијата на Шведска да има блиски врски меѓу Европа и Турција е добро позната,.
„И сега промовираме поблиски економски врски, ја модернизираме царинската унија, обезбедуваме подобри визни регулативи и така натаму. И мислам дека има плодна почва за поблиска соработка. Мислам дека ќе се задржам на вчерашната формулација на Јенс Столтенберг ‘што е можно поскоро’. Мислам дека дава рамка за процесот што претстои. Неодамна разговарав со унгарскиот премиер, па се чувствувам многу сигурен во неговите изјави “, изјави Кристерсон.
Тој се осврна и на турските барања кои го поврзуваат членството на Шведска во НАТО со тоа на Турција во ЕУ.
„Мислам дека, како што кажав, шведскиот став за соработка меѓу ЕУ и Турција трае со децении, така што тоа не е ништо ново. И дури неодамна, ние во ЕУ се договоривме за формулацијата дека во текот на есента оваа година ќе ги рестартираме разговорите како да се врати подобрата соработка со Турција. Така, би рекол, ништо не е во ред со тоа, но добро е“, изјави шведскиот премиер.
Техничкиот проблем за ратификација во парламентите на Турција и Унгарија ќе биде што и двата парламента се на летен распуст, па веројатно ќе треба да се почека уште малку за ратификацијата.