Аргентинецот Лионел Меси кој настапува за фудбалскиот клуб Барселено, го известил клубот дека сака да го напушти. Ова го јавуваат повеќе новинари и спортски медиуми во Шпанија.
Новинарот Алфредо Мартинекс на својот Твитер напиша: Денеска е многу тажен ден за навивачите на Барселона. Лео Меси објави дека не сака да продолжи во Барселона. По 19 години, од кои 17 во првиот тим најголемиот играч во историјата сака да си замине, а Бартомеу останува. Претседателот кој не може да го задржи, не смее да продолжи. Меси нема да присуствува на вежбите овој викенд ниту ќе тренира. Одлуката е конечна.
Меси има уникатен договор со Барселона којшто му овозможува да замине од клубот на крајот од било која сезона. Тој беше капитен на Барселона во понижувачкиот пораз со Баерн Минхен од 8:2. Потоа Баерн Минхен ја освои лигата. Триесет и тригодишниот напаѓач има освоено рекордни шест награди „Златна топка“. Целата кариера ја мина во Барселона со којашто освои 33 трофеи (рекорд на клубот) од кои десет титули во Шпанија, четири трофеи на Лига на шампионите на Европа и шест купови на Кралот. Меси го држи и рекордот за најмногу голови во Ла Лига, настапува и за фудбалската репрезентација на Аргентина.