По 150.000 евра требало да добијат соработниците на Палчо, планот бил да грабнат жена, ќерка на фармацевт

by fokus

По 150.000 евра од Љупчо Палевски Палчо требало да добијат Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боро Видевски, според првичниот план кој го имале, односно за грабнување на 40-годишна жена.

Ова во судница го откри обвинетиот Манев, кој тврдеше дека 14-годишната Вања Ѓорчевска била грабната по грешка, бидејќи според планот на Палевски, требало да грабнат жена, поточно во игра биле две потенцијални жртви. Ќерка на пензиониран скопски директор на градежна компанија и ќерка на сопственик на фармацевска компанија.

- Advertisements -

-Договорот беше да добиеме 150.000 евра. Но бидејќи беше грабнато девојчето, Палевски ни рече дека ќе добиеме помалку, сведочеше Манев.

Потоа појасни дека пари не добиле, бидејќи Палевски заминал за Турција.

Тој повторно појасни дека иако Палчо во неколку наврати им покажал слика од жената која треба да ја киднапираат, тие не сфатиле дека Вања е друга личност.

-Изгледаше како жената на сликата. Долга костенлива коса, слабичка.. Во таа темнина ни изгледаше идентично како жената што требаше да ја грабнеме, рече Манев.

На прашањето на неговиот адвокат, Горан Бошевски, зошто не се повлекол од вториот план за киднапирање, кога Палчо го убил Жежовски, тој рече дека се плашел за своето семејство.

-Палчо ми се закани по фамилијата, затоа не можев да се откажам, рече Манев.

Валентина Вурмо

Поврзани новости