По 15 години Ламбе пак замина во Австралија, ќе настапува заедно со „Некст Тајм“

by Fokus

Музичарот Ламбе Алабаковски пристигнал во Австралија, каде е најавен како учесник на концертите на дуото „Нект Тајм“.

Заедничка фотографија од Алабаковски, момците од „Некст Тајм“ и Николче Мицевски, додека позираат во Сиднеј, објавија од Република Ентеретејнмент, кои се организатори на пролетната турнеја во Австралија.

Инаку, за Ламбе ова е второ гостување во Австралија, каде пред 15 години како тинејџерска ѕвезда настапи заедно со Елена Ристеска, Ноне Неделковска и Ѓоко Танески. Стануваше збор за еднонеделна турнеја со три концерти, и тоа во Мелбурн, Сиднеј и Перт.

Сега пак, најавени се концерти во Сиднеј, Волонгонг, Голд Коуст, Мелбурн и Перт.

„Некст Тајм“ и минатата година имаа турнеја во Австралија, а наместо Алабаковски, со нив настапуваше Влатко Лозановски. Тогаш од организацијата за настанот изјавија дека одамна не памтеле таков голем интерес, каков што имало за нивните концерти, и влезниците лани биле распродадени неколку недели пред одржувањето на концертите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости