551
Власите во Грција, денеска соопштија дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 и повеќе години кои не ја примиле ниту првата доза од анти ковид вакцината.
Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од нов бран и зголемување на бројот на случаи на новозаболени, објави Ројтерс.
Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари, а нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини.