412
Семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април ќе добијат еднократна финансиска помош од 10.000 денари од Општина Битола. Ова денеска го изгласаа советниците на општинскиот Совет, по иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Според иницијативата финансиската помош им се доделува бидејќи неправедно биле осудени. Оваа квалификација наиде на реакции во Советот. Според советници од ДОМ факва формулација треба да дава судот, а не општинските советници.
На седницата не присуствуваа советниците од СДСМ, а од партијата потоа преку партиско соопштение порачаа дека одлуката на Советот е злоупотреба на пари на граѓаните на Битола.
Советниците од Левица ја поддржаа иницијативата, иако ја нарекоа, лицемерна, срамна и омаловажувачка.