По 1 200 евра парична казна судот им одреди на адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дардишта и Мефаил Арслани, кои демонстративно го напуштија рочиштето за „Диво Насеље“ поради лошите услови во кои се одвива судењето, пренесува НОВА.
Според судот, тие извршиле повреда на установата, го нарушиле редот и мирот, и со своето однесување ја пролонгираат постапката и затоа ќе треба да ги надоместат сите трошоци за денешната расправа.
Третиот адвокат, Мефаиљ Арслани, кој ја напушти судницата е ослободен од надоместот на останатите трошоци , затоа што по напуштање на салата, обезбедил присуство на друг бранител.
На почетокот на денешното рочиште, адвокатот Рауфи образложи дека салата е претесна и сите роднини кои дошле пред судот не можат да го следат судењето. Тој рече дека судот е должен да обезбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето. Во знак на револт Рауфи ја напушти судницата и побара пред наредното сослушување на сведоци судот прво да обезбеди услови.
Судијката образложи дека Судот единствено ја поседуваа таа поголема судница и според неа обезбедени се можности за присуство на сите обвинети како и во границите на можностите и на роднините.