Плодна година со 78 отсто зголемување на платите и скромен дочек по дома за функционерите!

by Fokus

Во домашна атмосфера, со најблиските, скромно… Така барем велат поголемиот број на политичари, околу плановите за дочекот на Новата година.

Патувања на подалечни дестинации, во познати ски одморалишта, или во елитни хотели надвор од земјава, најверојатно годинава ќе нема.

Речиси сите јавни функционери со кои разговаравме го тврдат истото, дека им е потребен одмор, време со семејствата, затоа што наредниот период ќе им биде доста турбулентен, пред двојните избори на пролет 2024.

-Во кругот на семејството, со руска салата и кифлички, традиционално…

-Со блиски пријатели во домашна атмосфера…

Тоа беа најчестите одговори од нашите јавни функционери. Градоначалниците пак, во чии општини ќе има организиран новогодишен дочек на плоштад, ќе излезат пред граѓаните да им ги честитаат празниците, ќе заминат во обиколка на јавните институции кои работат и за новогодишната ноќ, а потоа со блиските ќе прославеле во домашен амбиент.

За разлика од минатите години, кога повеќето јавни функционери заминуваа во зимувалишта во Банско, Боровец, Копаоник, па и на подлечни дестинации, годинава празничната еуфорија како да не се чувствува.

Во честитките на политичарите пак, годинава покрај желбите за здравје, среќа и радост, преовладуваат и желбите за движење кон ЕУ, уверувања дека платите и пензиите ќе растат и следната година, да се продолжи со подобрување на животот на граѓаните, но и да се задржат младите дома.

Инаку, изминатата година за нашите јавни функционери беше доста плодна, кога се нивните примања се во прашање. Функционерите добија за 78 отсто повисоки плати, а администрацијата плати повисоки за пет отсто.

На крајот на годината, како антикризна мерка, се одвои и помош за ранливите категории односно за ученици чии родители имаат ниски примања, пензионери со ниски примања, и студенти кои студираатв во друг град.

Вики Клинчарова

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости