2K
Од македонските спортисти на Олимписките игри во Париз, прв настапи пливачот Никола Ѓуретановиќ, кој го зазеде последното место во квалификациите на 400 метри слободно.
Тој пливаше во првата група со само петмина пливачи и стигна на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд. Трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко.
Ѓуретановиќ, кој со 16 години е најмладиот член на македонскиот олимписки тим во Париз, со ова го заврши учеството на ОИ.