685
Македонскиот пливач Филип Деркоски настапи денеска на Олимписките игри во Токио завршувајќи на последното место во квалификациите во дисциплината 400 метри слободен стил.
Деркоски настапи во првата од петте квалификациски групи и патеката ја исплива за време од 4:03:34.
Со оствареното време, 20-годишниот Деркоски за 76 стотинки го подобри личниот рекорд, што на крајот од квалификациите се покажа како недоволно да го избене последното место во конкуренција на 36 пливачи.