Плинска боца експлодира во викендичка во Матејче, шестмина повредени

by Fokus

Шест лица се повредени од експлозија од плинска боца што се случила вчера во викендица во село Матејче општина Липково, информираа денеска од МВР.

Повредените се на возраст од 27 до 44 години. Лекарите од кумановската општа болница, вчера во 21: 45 пријавиле во СВР Куманово дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект, викендичка во село Матејче на место викано „Матејачки колиби“.

– Повредените имаа изгореници на лице и раце, и биле пренесени за Скопје во градската болница и на пластична, изјави директорката на општа болница Куманово, Снежана Захариева.

Според МВР, тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости