Плинска боца експлодира во Охрид, тешко повредено едно лице

by Fokus

Во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, вчера при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.

Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи.

Поврзани новости