Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев (2012 – 2017) во порака до локалните медиуми наведува дека Работната група, која ќе работи на формирањето нова бугарска влада, а која ќе ја предложи лидерот на победничката партија ГЕРБ, Бојко Борисов, ќе заседава и своите прес-конференции за постигнатите резултати ќе ги одржува само во зградата на Народното собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Плевнелиев, групата ќе има средби со сите проевропски и демократски сили во Бугарија за барање согласност за принципите и приоритетите, на кои идната влада може да зачекори за надминување на кризите и стабилизирање на државата, се наведува во пораката од кабинетот на Плевнелиев.
Луѓето кои ќе учествуваат во преговорите нема да посетуваат партиски штабови и одржуваат состаноци на други места, туку само пред очите на бугарските граѓани и медиумите, бидејќи ќе се работи на доверба и транспарентност.