390
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска телефонски разговарал со Ѓорѓе Иванов и изразил загриженост заради политичката криза и растечките тензии во Македонија.
-Граѓаните очекуваат правда и таа не смее да биде оневозможена. Корупцијата на највисоките нивоа од власта треба да биде истражена, а не амнестирана, му рекол Плевнелиев на Иванов, соопштуваат од Кабинетот на бугарскиот претседател.
Плевнелиев ја истакнал бугарската поддршка за истрагите кои ги води Специјалното јавно обвинителство, како и целосната имплементација на договорот од Пржино.