Членови на Студентскиот пленум денеска влегоа во просториите на Студентскиот парламент и побараа прекин на изборот за нов претседател на Студентскиот Парламент при што дојде до расправија со актуелниот претседател Кирил Спироски.
Од Студентскиот пленум истакнаа дека при целата изборна постапка се повредува правото на учество на студентите во управувањето, бидејќи изборите се спроведуваат врз основа на Правилник кој не е достапен до јавноста и студентите, за да можат да се одржат фер избори за студентски претставници.
-Имено, Кирил Спировски бил избран за претседател на Студентскиот парламент во 2012 година со мандат до октомври 2014 година, за во 2015 година Спировски да е избран за в.д. претседател. Значи, на сите органи при СПУКМ им се истечени мандатите веќе две години, она за што студентите предупредуваа на протестот во 2014 година, каде беа присутни 10.000. Имено, тој го променил правилникот за спроведување на изборите и сега правилникот не е достапен на јавноста, изјави Ивана Туфегџиќ од Студентски пленум.
Кирил Спировски на претставниците на Студентскиот пленум им рече писмено да се обратат со своите барања и ги обвини дека се пратени од СДСМ и Сорос.