Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека е шокиран од инцидентот во основното училиште во Пречко, во кој непознат напаѓач ги нападна наставничката и учениците од тоа училиште.
– Згрозени сме од оваа голема трагедија. Таму моментално се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Полицијата се обидува да утврди што точно се случило. Имаме информации дека неколку ученици се лекувани во загрепските болници – изјави Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската влада.
Во напад со нож утрово во основно училиште во загребската населба Пречко, загина едно дете, а повредени се наставничка и други ученици. Како што пренесуваат хрватските медиуми, неофицијално се работи за 15-годишник кој не се знае дали бил ученик од истото училиште и кои му биле причините да го изврши нападот.